Украински хакер екстрадиран во САД поради обвинение за кражба на 15 милиони податоци

Колпаков е уапсен минатата година заедно со уште двајца мажи кои се обвинети дека учествувале во групата хакери „ФИН7“.

156

Украинецот Андриј Колпаков, обвинет за масовен хакерски напад на ресторани, коцкарници и други фирми во 47 држави, е екстрадиран во САД каде ќе се соочи со обвиненијата.

Колпаков вчера првпат се појави во сојузниот суд во Сиетл, бидејќи е екстрадиран од Шпанија. Тој не се изјасни за обвиненијата за хакирање, измама и кражба на идентитети.

Неговото сослушување е закажано за 10 јуни.

Колпаков е уапсен минатата година заедно со уште двајца мажи кои се обвинети дека учествувале во групата хакери „ФИН7“.

Властите велат дека групата украла околу 15 милиони податоци од кредитни и дебитни картички.

ФБИ тврди дека броевите на украдените картички често се продавани во „подземјето на Интернетот“, а потоа криминалците ги користеле за нанесување штета во износ од неколку милиони долари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...