Димитров од Париз: Потребно ни е повеќе од Франција на Балканот

382

Потребно ни е повеќе од Франција на Балканот. Би било добро да се зголеми присуството на Француските компании, но и на политичкото внимание. Свесен сум дека новото лице на Франција е фокусирано кон иднината на Европа, кон нејзината консолидација, кон обезбедување на обединет пристап за решавање на важните прашања. Се осмелувам да препорачам дека таа важна визија треба да опфати и таквиот активен европски ангажман на Балканот.

Ова денеска го порача шефот на македонската дипломатија Никола Димитров од првата работна посета на Француската Република. Димитров оствари средба со својот француски домаќин, министерот за Европа и надворешни работи, Жан-Ив Ле Дриан.

-Балканот е регион кој географски припаѓа на Европа и кој економски е во истиот брод. Балканската мигрантска рута покажа колку е важен овој регион за Европската безбедност и колку е потребно предизвиците на регионот да ги решаваме заедно.Враќањето на геополитиката во нашиот регион, на некој начин, е резултат меѓу другото и на недостатокот на ангажираност од страна на ЕУ во изминатите неколку години. Се надеваме дека идните чекори, меѓу кои и извештајот на Европската Комисија што го очекуваме на 17 април- ќе поттикне зголемена вклученост – изјави Димитров.

На средбата, министрите изразизиле задоволство од заемните заложби за внесување нова динамика во политичкиот дијалог, кој е во функција на збогатување на севкупната билатералната соработка меѓу Република Македонија и Француската Република.

Во разговорот, министерот Димитров го истакна значењето што Република Македонија им го придава на односите со Франција, како на билатерален план, така и во контекст на европската и евроатлантската иднина на Република Макдонија. Тој му потврди на својот француски колега дека Република Македонија настојува, преку своето проевропско надворешнополитичко делување, да ѝ биде сериозен и кредибилен партнер на меѓународната заедница. Димитров го запозна својот француски колега и со преземените реформски активности на Владата во светло на европските и евроатлантските интеграции, но и пошироко, во контекст на улогата на Република Македонија, како катaлизатор на регионалната соработка и стабилност.

Димитров се сретна и со Филип Етиен, дипломатски советник на францускиот претседател Емануел Макрон, каде аргументираше зошто Република Македонија е можноста за заеднички успех на Балканот годинава.

За време на посетата, министерот Димитров ќе оствари средби и во Националното Собрание на Франција и Сенатот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...