Црвенковски: Ако нема датум ова лето, тоа е доказ дека во ЕУ нема лидерство и визија

Поранешпните лидери од регионот сметаат дека секое чекање ѝ се заканува на ЕУ да стане Балкан од кој ние излеговме.

1626

Европската унија ќе го изгуби кредибилитетот, консолидацијата и нејзината улога доколку не одреди датум за почеток на преговорите за членство со Северна Македонија, е заедничката оценка од поранешните претседатели на Црна Гора Филип Вујановиќ и на Словенија Данило Тирк, како и на експремиерката на Хрватска Јадранка Косор и поранешниот претседавач на Советот на министри на БиХ Златко Лагумџија.

Тие учествуваат на регионалната конференција „Проширувањето на ЕУ на крстопат“, што се одржува денеска во организација на Кабинетот на поранешниот претседател Бранко Црвенковски и Подгоричкиот клуб.

Според Вујановиќ, ако ЕУ не препорача датум за почеток на преговори тоа ќе значи дека ЕУ ќе соопшти потполно јасно дека трети земји кои имаат разни интереси на нашиот простор имаат отворена можност за ретроградно и антиевропско делување или да добијат охрабрување

– Сакам да бидам реален. Мислам дека низ принцип на заслуженото секоја држава и Македонија и Албанија треба да добијат датум за преговори, но знаејќи ја праксата и плашејќи она што искуството предупредив дека тоа би било штета не само за Северна Македонија, Албанија, туку и за земјите од регионот кое би добиле порака на обесхрабрување од ЕУ – рече Вујановиќ.

Поранешната хрватска премиерка Косор наведе дека Северна Македонија покажа огромен напредок и покажа дека ја водат храбри луѓе. Мислам дека тоа заслужува награда не за политичарите, рече, туку за граѓаните на земјата.

– ЕУ сега е во еден лош момент, завршија евроизборите, се очекува формирање нова комисија, се очекува некоја друга гарнитура во ЕУ да го одреди правецот во кој ќе се движи, па и проширувањето и судбината на Западен Балкан – изјави Косор.

Таа меѓу другото порача да не се откажуваме и постојано да бараме сојузници во ЕУ, а Хрватска е една од нив затоа што, потенцираше, ние многу подобро ве разбираме од многу други.

– Во онаа мерка во која Западен Балкан ќе биде дел од ЕУ во таа мерка ќе биде вистинската унија – порача Лагумџија.

Секое чекање, посочи, ѝ се заканува на ЕУ да стане Балкан од кој ние излеговме.

– Прашањето на кредибилитетот на ЕУ ќе биде многу јасно тестирано во наредните денови. Доколу Северна Македонија не добие она што и припаѓа – датум за отпочнување на преговорите, нема повеќе да постои кредибилитетот на ЕУ во Западен Балккан – рече Лагумџија.

Тој апелираше до лидерите на Западен Балкан заедно, како што рече, сите да и помогнеме на ЕУ навистина да биде Европа на вредности кои се создаваат овде на Западниот Балкан. Северна Македонија е првата точка на која се тестира иднината на ЕУ.

Според поранешниот претедател на Словенија, денешната конференција е за поддршка за Северна Македонија да стане членка на ЕУ. Ново е тоа што ова е момент кога треба да се засилат напорите и да се постигне промена на односот на ЕУ кон Македонија.

– За ЕУ тоа е сега прашање за нејзината кредибилност, нејзината иднина како фактор на глобалната сцена. Ако ЕУ не биде способна да оствари сериозен напредок, во правец на членство на Македонија како членка на ЕУ, тогаш тоа ќе биде значаен показател дека ЕУ нема иднина како светска сила. Како фактор на глобалните односи – оцени Тирк.

Додаде дека ако не е способна да направи еден сериозен чекор на свој терен, во својот двор, тогаш порача нема да биде способна да оствари никакви глобални постигнувања.

Она што ќе го предложат од страна на Северна Македонија како датум за почеток на преговорите тоа треба да се сфати сериозно, а не како некакво размислување кое не обврзува, затоа што ЕУ мора да сфати дека во прашање е нејзиниот кредибилитет – рече Тирк .

Поранешниот претседател Бранко Црвенковски рече дека ЕУ ќе покаже дека нема визија аконе ѝ даде датум за преговори летово на земјава.

– Доколку ова лето не добиеме датум за преговори за мене тоа ќе биде доказ за отсуство на лидерство и визија во рацете на ЕУ и не само визија за иднината на Западен Балкан, туку и визија за иднината на самата ЕУ и целиот европски континент – рече Црвенковски.

Минатата година, потсети, се потпиша Преспанскиот договор, со што се елиминираше најголемата пречка во процесот на нашето евроатланстко интегрирање, потсети тој, додавајќи дека промената на нашето уставно име и тоа за севкупна употреба беше болна и драматична за голем број наши граѓани што се потрврди и на референдумското изјаснување.

– Недобивањето датум за почеток на преговорите во јуни ќе предизвика големо разочарување, но и сериозно нарушување на клредибилитетот на ЕУ и на макеоднската Влада во очите на македонскиот народ и на сите граѓани на нашата земја -рече Црвенковски.

Тој, потсетувајќи дека оваа година ја добивме десеттата по ред препорака од страна на ЕК за почеток на преговорите, истакна дека оти девет пати претходно препораката не беше прифатена и, како што рече, стравуваме оти тоа може да се повтори и по десетти пат на јунскиот самит.

Зарем е можно, праша Црвенковски, земјите членки да демонстрираат толкава недоверба во извештаите и препораките на сопствената и од нив избрана Европска Комисија.

– Ние не бараме незаслужена награда, туку бараме и очекуваме да ни се пружи заслужена шанса да го почнеме процесот. Свесен сум дека на домашен план имаме големи слабости во многу области, знам дека некои од неопходните реформи доцнат или се спроведуваат со дискутабилен квалитет – порача Црвенковски.

Поранешниот претседател на Албанија Алфред Мојсиу порача дека Блаканот веќе не е истиот, изменет е коренито и ние тоа, потенцира, треба гласно да го кажеме, а светот и Европа тоа да го препознаат.

– Не се оди на патерица, доколку секогаш не оставаат на страна оставаат простор за неизвесност и за други сило – рече Мојсиу.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...