Борисов си ги „измери“ силите со Сталоне во Бугарија ФОТО+ВИДЕО

Борисов е еден од првите луѓе кој го виделе трејлерот на новиот филм од серијата „Рамбо“, чиј дел се снима во Бугарија.

1898

Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска го угости холивудскиот актер Силвестер Сталоне.

72-годишниот актер во Бугарија го снима ова продолжение на „Рамбо“. Ова е петтиот дел од епскиот филм.

За време на нивниот состанок во Советот на министри, Борисов му се заблагодари на Сталоне за неговите пофални зборови што ги рекол за Бугарија.

Борисов е еден од првите луѓе кои го виделе трејлерот на новиот филм од серијата „Рамбо“, чиј дел се снима во Бугарија.

Boyko Borisov and Sylvester Stallone

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...