Мисајловски го цинкарел Заев пред НАТО амбасадорите

Пратениците Мицевски и Ласовска ветиле дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи сите законски решенија кои ќе бидат од значење како за граѓаните, така и за иднината на земјата.

6508

Изминативе две години државата се наоѓа во многу лоша состојба поради крајно неодговорното управување од страна на актуелната власт на СДСМ и Заев. Ова, како што соопшти ВМРО-ДПМНЕ  го изјавил потпретседателот на партијата Владо Мисајловски на вчерашната средба со амбасадорите на НАТО.

На средбата присуствувале и пратениците Никола Мицевски и Благица Ласовска.

На средбата, соопшти ВМРО-ДПМНЕ, се разговарало за актуелната политичка и економска состојба, како и за евроатлатските позиции на земјата.

– Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен, нашиот приоритет е патот кон евроатлатската интеграција на Република Македонија, но ние моментално имаме влада која што најмалку придонесува за евроатлатските интегративни процеси. Со криминал, корупција, катастрофална економија, руинирано здравство и образование, непотизам не може да имаме едно здраво општество, ниту пак демократска држава која ќе чекори кон вистинскиот пат, а тоа е ЕУ и НАТО – изјавил Мисајловски.

Пратениците Мицевски и Ласовска ветиле дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи сите законски решенија кои ќе бидат од значење како за граѓаните, така и за иднината на земјата.

На крај, како што е соопштено, било разменето мислење за унапредување и зајакнување на меѓусебната соработка се со цел побрза интеграција на земјава во Европската Унија и НАТО.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...