Претседателот на Владата Зоран Заев, по повод големиот муслимански празник Рамазан Бајрам, упати честитки до Исламската верска заедница и до Реис Ул Улема, Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи, и членовите на Ријасетот, како и до сите верници од исламската вероисповед во Република Северна Македонија.
„Нека биде благословен и честит празникот! Им посакувам на сите наши сограѓани, Муслимани, небесен сјај за време на празничните денови на Рамазан Бајрам, со желби светлината да ги стопли сите срца за да бидат пренесени пораките за мир, толеранција и слобода за сите верници на Исламот, како и за припадниците на сите останати верски заедници“, пишува во честитката премиерот Заев.
Тој нагласува дека им посакува на сите наши сограѓани Муслимани, среќата и радоста да се вселат во Вашите домови.
„Во духот на празникот Рамазан Бајрам да ја негуваме добрината и кон другиот, добрината кон различните како порака водилка и за сите нас граѓаните на Република Северна Македонија за да продолжиме заеднички да го зајакнуваме нашето заедничко општество како едно за сите. Да го усовршуваме овој наш дом во кој секој граѓанин има еднакви услови за живот, среќа и реализација на сопствените амбиции“, се вели во честитката на Заев.