Пендаровски: Посакувам вербата во доброто, правдата и меѓусебното почитување да се дел од нашето секојдневие

„Во овие празнични денови на слога, заедништво и почит, сите заедно треба да продолжиме кон градење на соживот за сите граѓани и да изградиме едно општество за сите, пример за идните наши генерации.“, пишува Пендаровски во честитката до верниците од исламзка вероисповед.

152

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан Бајрам, упати честитка до граѓаните со исламска вероисповед и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис–ул–улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи.

„Во овие празнични денови на слога, заедништво и почит, сите заедно треба да продолжиме кон градење на соживот за сите граѓани и да изградиме едно општество за сите, пример за идните наши генерации. Со овој голем празник се означува крајот на едномесечниот пост во кој секој верник искрено го отвора срцето за верата и љубовта“, пишува Пендаровски во честитката.

Светиот месец Рамазан, се додава во честитката, е месец на дарување, помагање и заедништво и ова ја зајакнува вербата во доброто, правдата и меѓусебното разбирање и почитување. Посакувам овие вредности да бидат наше секојдневие и сите да имаме спокоен и среќен живот, не само во празничниве денови, туку низ целата година.

„Би сакал на овој голем празник да го истакнам придонесот на ИВЗ и нашите сограѓани од исламска вероисповед во градењето на мир и соживот во мултиетничка и мултирелигиозна Република Северна Македонија. Нашата заедничка цел е просперитетна и европска татковина. Уште еднаш, Ви упатувам најискрени желби за љубов, среќа и благосостојба“, пишува Пендаровски во честитката.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...