Меѓуинституционалната и меѓуресорската соработка е важен сегмент во спроведување на проект за изградба на новиот клинички центар. Проектот е од интерес на сите граѓани на нашата држава, а повеќе институции активно работат на подготовка на реализацијата на проектот.
Ова го соопшти денеска Министерството за здравство по вчерашната одлука на Владата за почеток на активностите за катастарско-урбанистичките работи на парцелата наменета за изградба на новиот клинички центар на локацијата во општина Ѓорче Петров.
Министерството соопшти дека Владата дала согласност за трајна пренамена на земјоделско во градежно земјиште за изработка на Урбанистички план вон населено место „Веле Поле“, за изградба на објекти со намена А-времено домување, Б-комерцијални и деловни намени, В-јавни институции, Д-зеленило и рекреација и Е-инфраструктура, КО Кучково, КО Волково, КО Ѓ.Петров 1 и КО Ѓорче Петров 3, Општина Ѓорче Петров.
Приоритет на Министерството за здравство, посочуваат од оваа институција, е изградба на достапен, квалитетен и долгорочно одржлив систем на здравствена заштита, со што значително ќе се подигнат стандардите за лекување и третман на пациентите