Џеј Зи – од дилер на дрога стана првиот рапер милијардер на светот

Раперот, пред да стане музичар, бил трговец со дрога, а во 1996 година ја покренал својата издавачка куќа „Рок-А-Фела рекордс“.

579

Шон Кореј Картер (49), попознат по прекарот Џеј Зи, официјално стана првиот хип-хоп милијардер. Статистиката на „Форбс“, утврдила дека неговото богатство е проценето на нешто повеќе од милијарда долари.

Интересно е дека раперот, пред да стане музичар, бил трговец со дрога, а во 1996 година ја покренал својата издавачка куќа „Рок-А-Фела рекордс“. Оттогаш со 14 објавени албуми заседна на музичките топ листи, освои 22 награди „Греми“ и заработи повеќе од 500 милиони долари од претплати на корисниците.

Музичкиот каталог на Џеј Зи е вреден 75 милиони долари, а во 2007 година продаде линија облека за 204 милиони долари. Тука треба да се додадат, односно да се пребројат и акциите на берзата (како оние на Убер) кои изнесуваат 70 милиони долари, како и компанијата „Рок нејшн“, вредна 75 милиони долари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...