Виното од 1.600 евра Трамп не го ни проба: Што се јадеше и слушаше во Бакингемската палата ФОТО

Менито го избрала самата кралица од четири можни менија кои ѝ ги понудиле кралските готвачи.

2833

Раскошниот банкет кој британската кралица Елизабета Втора синоќа го приредила во Бакингемската палата во чест на првата државничка посета на претседателот на Америка Доналд Трамп, го обележаа нивните здравици, но вниманието го привлече и менито кое било понудено за повеќе од 170 гости, покрај виното кое чини околу 1.600 евра по шише.

Би-би-си наведува дека на раскошно украсената маса, во чиниите, помеѓу другото, се нашле филети од иверка подготвени на пареа, младо виндзорско јагнешко месо, а за десерт бил послужен сув растресит колач од јагоди со крем од лимон вербена, за потоа да следуваат свежо овошје, кафе и ситни колачи.

На гостите им биле понудени два вида англиски пенливи вина, како и црвено вино „Шато Лафит-Ротшилд“ од 1990 година, чие шише достигнува цена и до 1.395 фунти (1.600 евра).

Би-би-си наведува дека американскиот претседател не пробал ниту едно од овие вина, бидејќи воопшто не пие алкохол.

Менито го избрала самата кралица од четири можни менија што ѝ ги понудиле кралските готвачи.

На банкетот гостите имале можност да ја слушаат музиката на Хендл, но и британскиот поп-пејач Ед Ширан и гајди.

Donald Tramp, kraljica Elizabeta, London

Foto: Tanjug/AP

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...