„На денешната седница владата ја разгледа ги усвои Информацијата и Одлуката за давање на согласноста за трајна пренамена на земјоделско во градежно земјиште за изработка на Урбанистички план вон населено место Веле Поле, за изградба на објекти со намена А-времено домување, Б-комерцијални и деловни намени, В-јавни институции, Д-зеленило и рекреација и Е-инфраструктура, КО Кучково, КО Волково, КО Ѓ.Петров 1 и КО Ѓорче Петров 3, Општина Ѓорче Петров“, се наведува во соопштението од седницата на Владата.
Со оваа одлука на Владата, се додава во соопштението, започнаа активностите за катастарско-урбанистичките работи на парцелата којa е наменета за изградба на новиот Клинички центар на утврдената локација во општина Ѓорче Петров.