Барселона со нов дрес следната сезона ФОТО

305

Барселона официјално го претстави новиот дрес со кој каталанскиот клуб следната сезона 2019/20 ќе играат на Камп ноу.

По прв пат во историјата на клубот, играчите ќе играат во дрес со шаховница, сличен на хрватскиот дрес, само што кај Каталонците коцките ќе бидат со црвена и сина боја.

Шпанските медиуми веднаш направија анкета со навивачите на Барселона, а според резултатите произлезе дека огромен дел од нив не ја одобруваат одлуката на управдата за новиот дизајн.

Инаку, познато е дека уште од основањето во 1899 година, дресот на овој великан бил со вертикални црвено-сини пруги.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...