Шампионите слетаа, еуфорија на аеродромот

223

Авионот со експедицијата на европскиот ракометен шампион Вардар конечно пристигна на скопскиот аеродром.

Трпеливите навивачи на „црвено-црните“ кои повеќе од три часа ги чекаа своите миленици, со овации ги поздравија тренерот Роберто Гарсија Парондо, капитенот Стојанче Стоилов, МВП на „фајнл форот“ Игор Карачиќ, „бобардерот“ Даинис Криштопанс, голманот Дејан Милосављев, Иван Чупиќ, Сташ Скубе, Сергеј Горбок, Фереира Мораеш, Калараш, Данил Шишкарев и останатите.

Од аеродромот вардарци ќе се упатат кон плоштадот во центарот на градот каде исто така се собрани десетици илјадници фанови кои сакаат да им оддадат признание за вториот шампионски трофеј во елитната лига.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...