Детали што привлекоа внимание од средбата на Трамп со британската кралица

2389

Првата дама на САД, Меланија Трамп носеше елегантен Долче и Габана фустан до под колена, со темно сини околувратник и појас, и шешир на дизајнерот Ерв Пјер за време на денешното запознавање со кралицата Елизабета Втора во Бакингемската палата.

Претседателот на САД, Доналд Трамп и Меланија ручаа со кралицата, а потоа им беа покажани предмети важни за англо-американските односи.

Американскиот претседател доби од британската кралица скратено прво издание на „Втората светска војна”, книга на Винстон Черчил. Книгата е печатена во 1959 година – има златна кралска шифра и рачно извезени ленти во бои на американското знаме, јави Си-Ен-Ен.

Кралицата му даде на Трамп и троен сет од налив-перо, пенкало со ролер и хемиски пенкала со кралски печат.

Меланија Трамп во меѓувреме доби специјално нарачана сребрена кутија со рачно изработен емајлиран капак.

Вниманието на јавноста за време на посетата го привлече необичното ракување со кралицата, на која за време на средбата и ја „зграби раката”.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...