Авионот со ракометарите ќе доцни, во Скопје ќе слета во 20.30 часот

352

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов преку Фејсбук соопшти дека поради административни причини авионот со ракометарите на „Вардар“ од Келн ќе доцни и во Скопје ќе слета во 20:30 часот.

„Почитувани, поради административни причини (пасоши, документи и сл.) авионот од Келн ќе полета во 18 часот. Слетувањето во Скопје е најавено во 20:30 часот. Останатото останува исто. Се гледаме на централниот градски плоштад „Македонија“ на достоинствен пречек на нашите шампиони“, пишува Шилегов на својот фејсбук-профил.

Првично беше најавено дека чартерот во Скопје ќе стигне во 16.15, а подоцна  беше соопштено дека ќе слета во 18:50 часот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...