Момче на возраст од 24-години од Албанија синоќа било пронајдено мртво во скопското село Љуботен.
Според информациите од полицијата, тоа најверојатно починало од удар на гром.
Смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.