Гордана Силјановска пријавила државен службеник од финансии во штабот на Пендаровски

1414

Антикорупциската комисија денеска отфрли претставка што во време на претседателските избори ја поднела професорката Гордана Силјановска, кандидатка за претседател на државата, предложена од ВМРО ДПМНЕ.

Силјановска пријавила дека во штабот на Стево Пендаровски за време на изборна кампања видела државен службеник и тоа во работно време. Нејзиното тврдење било поткрепено и со фотографија.

Антикорупционерите во својата истрага утврдиле дека станува збор за лице ангажирано од Министерството за финансии, кое не било вработено како државен службеник. Тој бил ангажиран за консултантски услуги преку проект, а Министертството ги информирало дека пријавениот во претставката на Силјановска користел годишен одмор во тој период кога бил во штабот на Пендаровски.

Комисијата ја отфрли оваа претставка затоа што не констатира дека има прекршување на законот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...