ЈСП ќе вози бесплатно до аеродром, Град Скопје ќе ги награди ракометарите со 100.000 евра

543
Photo: EPA / SASCHA STEINBACH

ЈСП Скопје ќе обезбеди два двокатни автобуси за организираниот пречек на ракометарите на Вардар на меѓународниот аеродром Скопје.

– Ги информираме заинтересираните граѓани кои немаат превоз, а сакаат да ги пречекаат шампионите на скопскиот аеродром, дека поаѓањето кон аеродромот е планирано во 17 часот од пред Југодрво. Превозот е бесплатен – се вели во соопштението од прес-службата на ЈСП Скопје.

Планирано е, се наведува, доколку дозволат временските услови, ракометарите од аеродром до плоштадот да се возат со панорамски автобус.

Преходно, Градот Скопје, обезбеди чартер лет, организиран пречек и награда од 6 милиони денари (околу 100.000 евра).

Photo: EPA / SASCHA STEINBACH

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...