Елeктронскиот рецепт ќе заживее за една година, хартиениот оди во историја

Елeктронскиот рецепт, како дел од електронскиот здравствен систем, е еден од приоритетите кој ќе биде опфатен во новата национална стратегија, која треба да биде готова најдоцна за една година - изјавуваат од Фондот за здравство. 

205

Елeктронскиот рецепт ќе се воведе најдоцна за една година, најавуваат од Фондот за здравствено осигурување, по барањето на Здружението на приватни лекари од каде предложија да се укине хартиената верзија на рецептот и да важи само електронската, за да се поедностави издавањето лекови.  

– Согласно извадокот од нацрт записникот од 113 седница на Влада на РСМ од 16 април 2019 година, со кој Министерството за здравство во соработка со Фондот за здравствено осигурување, се задолжија да подготват проект со проектна структура кој ќе ја развие националната стратегија за електронско здравство, со акциски план. Елeктронскиот рецепт, како дел од електронскиот здравствен систем, е еден од приоритетите кој ќе биде опфатен во новата национална стратегија, која треба да биде готова најдоцна за една година – изјавуваат од Фондот за здравство. 

Како што нагласуваат од оваа институција, Фондот тесно соработува со колегите од Министерството за здравство и Управата за електронско здравство – Мој термин за дефинирање на процесите и задачите за реализација на електронскиот рецепт. Во одредена фаза, при подготовката на електронскиот рецепт, ќе бидат консултирани и стручните комори, Лекарска, Фармацевтска и Стоматолошка, со цел да дадат свое мислење за да има електронски рецепт (без хартиена верзија).

– Штом ќе бидат завршени техничките и процедурални решенија за процесите, истите ќе бидат доставени до увид на јавноста, најавуваат од Фондот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...