Заев: Турција ќе го ратификува протоколот за НАТО по изборите

240

Турција е еден од нашите и најголеми пријатели и верувам дека тоа ќе го докаже и сега, рече премиерот Зоран Заев одговарајќи на прашање за тоа кога оваа земја ќе го ратификува протоколот за НАТО односно дали постои опасност да го кочи процесот поради барањето за екстрадиција на Ѓуленисти.

– Имавме можност и да добиеме информации од останатите 16 земји кога планираат да го ратификуваат членството во НАТО. Некои ќе го направат тоа во јуни, јули, други септември, октомври… Очекуваме во октомври да заврши процесот. Турција е еден од нашите најголеми пријатели, нивните очекувања се кога ќе завршат сите изборни процеси, знаете дека има повторено гласање во Истанбул, ќе отпочнат со ратификација. За екстрадицијата, нашите министерства за правда и внатешни соработуваат. Турција е еден од нашите најголеми пријатели верувам тоа ќе го докажат и овој пат – рече Заев.

Тој и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг одржаа заедничка прес-конференција, откако претходно учествуваа на седницата на Северноатлансткиот совет (НАК) и Комитетот за интеграција на Република Северна Македонија во Алијансата, на која се разговараше за процесот на пристапување на земјава во НАТО и за напредокот на реформите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...