Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) добила вкупно 12 тужби за случаи со бебиња родени во 2008 година.
Тужбите родителите ги поднеле поради ненавремено дијагностицирање на ретинопатија кај новороденчињата, поради што на Гинекологија и дошла извршна пресуда одеднаш да исплати сума од околу 666.000 евра. Затоа од понеделникот клиниката е со блокирана сметка.
Од ГАК, во текот на денот информираа дека во тој период и воопшто не постоела скрининг програма во државата односно не постоел протокол за соработка на Клиниката со очен лекар кој требало да доаѓа и да ја дијагностицира состојбата кај новороденчињата.
Повеќе на оваа тема:
ГАК: Имаме опрема и пари за да функционираме нормално
Тужби од родители на деца родени 2008 ја блокираа Гинекологија