„Ти продаваат сон“, реалити шоуа како „Островот на љубовта“ земаат данок од натпреварувачите?

483
ФОТО: Ај-Ти-Ви

Ако не сте го забележале феноменалниот успех на реалното шоу „Островот на љубовта“, чија петта сезона стартува вечерва, еве мало појаснување: група на млади, во форма, сингл лица се носат во вила на Мајорка, каде носење повеќе од костим за капење се смета за пренаоблеченост, а треба да се биде во пар за да се победи. Но, ова не запира овде. Натпреварувачите на шоуто често го претвараат летото на екраните во кариера: добиваат огромен број следачи на социјалните мрежи, се појавуваат на други реални шоуа, брендови му „фрлаат“ пари. Не секој станува познат, се разбира, но оние кои ја имаат таа среќа, понекогаш го сметаат тој притисок за пресилен, пренесува „Гуардијан“.

Минатиот јуни, натпреварувачката од сезоната која се емитуваше во 2016 година, Софи Градон, која била во депресија три години пред да се појави во шоуто, се самоуби. Во март, Мајк Таласитис, кој се појави во шоуто во 2017, исто така се самоуби.

Шоуто стана дел од голема дебата за тоа какви се ефектите од реалните шоуа на менталното здравје. Минатиот месец, Стив Димонд беше најден мртов по недела дена откако се појави на шоуто „The Jeremy Kyle Show“. Димонд „не помина“ на детекторот за лаги, нешто што редовно се прави на шоуто, додека се обидуваше да и докаже на својата партнерка дека не ја изневерил. Шоуто беше откажано, но смртта на Димонд го фрли вниманието на тоа како луѓето се користени за забава, како и ефектот врз нив кој го има појавувањето во шоуто, комбинирано со новопронајдената славна личност.

Веста за Таласитис била шокирачка за Алекс Милер, кој се појави минатата година во шоуто и имал и самиот проблеми со менталното здравје.

– Не отидов да станам познат на било каков начин, што беше целта на поединци, но мислејќи за тоа што можеше да се случи, почнав да се измачувам – признал Милер.

Кога му било најтешко, тој возел до работното место секој ден и мислел како би можел да се убие. Негова објава на Инстаграм му паднала в очи на продуцент, кој му дал контакт од психолог кој соработувал со шоуто. Имале долга сесија на Скајп. Според Милер, тоа многу му помогнало.

Тој ги сфаќа другите реалити ѕвезди кои поминуваат низ тежок период по емитување на шоуто.

– Многу луѓе ќе кажат „Тие одлучиле да се појават на телевизија“, но ти не знаеш во што се впушташ. Ништо не може да те подготви за тоа – додал Милер.

Би-Би-Си претходно пренесе дека ова шоу ќе има нови правила, вклучувајќи и одење кај психолог пред, но и откако учесниците ќе се појават на екраните.

„Островот на љубовта“ е доста популарен во странство, своја верзија има во Австралија, Белгија, Холандија, Данска, Финска, Германија, Унгарија, Нов Зеланд, Норвешка, Шведска и САД.

ФОТО: Ај-Ти-Ви

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...