Малолетници искршиле две возила на прославата за вардарци

215

Две возила биле искршени синоќа, за време на прославата во центарот на Скопје, по победата на ракометарите на Вардар во финалето на Лигата на шампиони, информира МВР.

„За време на прославата, пријавено е дека било оштетено патничко моторно возило „ауди А3“ со скопски регистарски ознаки на булеварот “Гоце Делчев“. Возилото било оштетено од повеќе лица кои фрлале кон него со бекатон плочки. Притоа со телесна повреда на левата рака се здобил Ф. М. (18). Во врска со настанот од страна на Единицата „АЛФА“ биле приведени пет малолетници на возраст од 14 до 17 години, сите од Скопје“, вели МВР.

На улицата „11-ти Октомври“ пред Собранието било оштетено патничко моторно возило „шевролет спарк“ сопственост на МВР. Т. П. (17) од Скопје била повредена од пиротехнички средства на Плоштад Македонија и се здобила со изгореници во пределот на нозете. Исто така, приведен е и Ж. М. (36) од Скопје поради нарушување на јавниот ред и мир пред Собранието на РСМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...