Поради поплави во Србија евакуирани пет лица

108
ФОТО: Принтскрин / Јутјуб

Пет лица се евакуирани поради поплави во текот на ноќта во околината на Краљево и Чачак, а автобус со 15 лица, кој поради обилни дождови се заглавил на патот Краљево-Крагујевац, успешно е извлечен, соопшти началникот на секторот за вонредни ситуации во српското МВР Предраг Мариќ.

Три лица се евакуирани во околината на Краљево, а две во местото Вича кај Чачак, прецизира Мариќ за Танјуг.

Тој истакна дека во текот на ноќта во централниот и западниот дел на Србија паднала голема количина дожд и оти на повеќе места во Србија тоа предизвикало проблеми.

Засега нема информации за повредени, ниту настрадани, а Секторот за вонредни ситуации ќе дежура во текот на целиот ден.

– И денеска се очекува големо количество врнежи, така што сите сили  ги упативме на терен – рече Мариќ и прецизира дека тоа се однесува на централниот и западниот дел на Србија.

Во меѓувреме, телевизијата Прва јави дека селото Вича, во општината Лучани, речиси целосно е под вода. Спасувачките екипи се на терен, но не е евакуирано целото население на селото.

ФОТО: Принтскрин / Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...