Пендаровски и Заев до европскиот шампион: Ве чекаме во Скопје!

3711

Претседателот на државата, Стево Пендаровски, во друштво на својот син и на поранешниот ракометар на Вардар Наумче Мојсовски, го следеше натпреварот Вардар-Веспрем во едно од скопските кафулиња.

„Вечер за славење, RK Vardar е европски шампион!
Честитки шампиони, земјата е горда на вас!
Ве чекаме во Скопје заедно да прославиме!“, напиша Пендаровски откако Вардар го зазеде европскиот ракометен трон.

И премиерот Зоран Заев, преку својот Фејсбук профил ја честиташе победата на Вардар против Веспрем и новата европска титула.

„Уште еден македонски блесок во Европа! Алал да ти е Вардаре, победуваш и обединуваш, радост си најголема за нашиот народ. Ве чекаме во Скопје!“, напиша Заев на ФБ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...