Професори на ракометот, е оценката која ја дадоа коментаторите откако во Келн македонскиот ракометен шампион Вардар го победи унгарски Веспрем со 27:24 гола.
Вардар е на европскиот ракометен трон со победата на екипата на Роберто Гарсија Парондо во финалето на „Ф4“ во Келн.
Вардарци одиграа неверојатен меч, покажаа храброст и оставија срце на терен и уште еднаш ја израдуваа ракометна Македонија.
Вардар водеше во поголемиот тек од натпреварот, на полувреме замина со +5 разлика. Проблемите дојдоа во второто полувреме, кога Веспрем успеа да дојде на гол негатива во неколку наврати. Во последните десетина минути сепак избраниците на Парондо ја смирија топката и покажаа сигурна игра, по што ја вратија предноста од три гола предност, која ја задржаа до самиот крај.
Најефикасeн поединец во вардаровиот тим беше Мораеш со шест гола, а кај Веспрем се истакнаа Мае со шест и Тонесен со четири погодици.
За „црвено-црните“ ова е втора титула европски шампион по таа во 2017 година.
EPA/SASCHA STEINBACH