Мета на Столтенберг: Приемот на Македонија во НАТО е вистинска одлука во потребно време

468

Албанскиот претседател Илир Мета на средбата со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг истакна дека неговата земја со ентузијазам го очекува скорешното членство во Северноатлантската Алијанса на Република Северна Македонија.

– Ова е вистинска одлука во потребно време, која го наградува решавањето на билатералните недоразбирања благодарение на конструктивниот ангажман на највисоките лидери на Северна Македонија и Грција, како и благодарение на незаменливата соработка меѓу САД и ЕУ – изјави Мета, соопшти неговиот кабинет.

Тој ја нагласил извонредната и од витално значење улога на Албанците од Северна Македонија во поддржувањето на оваа стратешка цел.

Според него, проширувањето и присуството на НАТО во регионов се клучни за консолидирање на безбедноста, мирот и стабилноста на Западен Балкан.

Присуството на НАТО во Косово, во тесна соработка со институциите на Косово и ЕУ, оценил Мета, придонесува за побезбедна средина и во исто време е од суштинско значење за територијалниот интегритет на Косово и стабилноста во регионот,а ја искажал и поддршката на неговата земја за „легитимното и суверено право на Косово за постепена трансформација на Безбедносните сили во армија на Косово и негова целосна интеграција во НАТО“.

Мета ја поздравил и инвестицијата на НАТО во воздухопловната база во Кучово, која ќе стане прва ваква база на НАТО на Балканот, како безбедносно средство за земјата, регионот и Алијансата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...