Шеесет и четиригодишен маж од Велес се здоби со тешки телесни повреди откако бил прегазен од трактор.
Во селото Мамутчево-Велес, велешанецот лежел под неговиот трактор и вршел поправки, кога возилото се придвижило и со задното тркало му поминало врз градите.
Повредениот било пренесен во Општа болница Велес, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.