Реконструкција за жените во Владата нема да има, бидејќи се малку, рече премиерот Зоран Заев на денешната трибина по повод две години од формирањето на Владата.
Иако имаше шпекулации во јавноста дека со претстојната реконструкциј ќе бидат опфатени и одредени министерки, сепак, вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, министерката за правда Рената Дескоска, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и министерката без ресор задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска, остануваат на министерските функции.