На дождливо време се одржа спортско-рекреативната манифестација „Охрид трчаТ“

103

Теодора Симовиќ (37:56 минути) од Србија и Дарио Ивановски од Македонија (31:55) се победници на десеткилометарската Градска трка што денеска се одржа низ улиците на централното градското подрачје на Охрид.

Најдобри на покусата Рекреативна трка на пет километри беа Елена Даниловска (24:17) и Кристијан Стојани (18:33), двајцата од Македонија.

Победата во Тим-билдинг трката на десет километри кај жените ја однесе екипата „НРЦ, најк ран“ клубот во состав Билјана Андреева, Бојана Наумовска, Маја Грнчароска и Ирина Батковска- Борозанова со заедничко постигнато време од 3:20:01 часа. Во машка конуренција најдобра беше екипата „Делта“ составена од Дарио Ивановски, Атанас Анчевски, Игор Јакимовски и Пепи Анакиев кои заедно десетте километри ги истрчаа за 2:23:51 часа.

Повеќе од 1.500 маратонци, атлетичари, спортисти, рекреативци, деца беа дел од спортско-рекреативната манифестација „Охрид трчаТ“ и трките што денеска се трчаа низ улиците на Охрид. Дождливото време не ги поколеба да излезат и да го дадат својот максимум, и преку своето активно учество да придонесат во промоцијата на спортските активности и рекреацијата како здрави животни навики.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...