Се бара притвор за напаѓачот на пратеникот Горан Милевски

Поднесено е Обвинение против едно лице за сторено кривично дело Насилство извршено врз пратеник на Собранието на РМ.

1067

Денеска надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за сторено кривично дело Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

На 25 март годинава, обвинетиот на плоштадот Македонија физички го нападна пратеникот на Собранието на Република Македонија, Горан Милевски. Идентитетот на обвинетиот беше утврден по јавување на граѓани откако по налог на Основното јавно обвинителство Скопје беше објавена неговата фотографија од Министерството за внатрешни работи.

Ценејќи дека се исполнети законските основи заедно со обвинението до судот е доставен и предлог за определување на мерката притвор за обвинетото лице.​

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...