– Овој настан не обединува во одбележувањето на Меѓународниот ден за заштита на правата на децата – 1 Јуни, ден на кој што е посветен и овој меѓународен добротворен базар. Ве поканувам да ни се придружите во овие активности, да се соберат колку што е можно повеќе средства кои годинава ќе бидат наменети за Дневниот центар за деца со церебрална парализа. Ова е прилика каде што секој од нас има можност да биде хуман и лично да придонесе во собирањето на средствата кои на овие дечиња им се повеќе од потребни – рече градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов на отворањето на добротворниот базар.
На годинашниот базар производи од нивните држави продаваа претставници на 27 амбасади и меѓународни организации во земјава.
„Меѓународниот добротворен базар“ се одржува по повод 1 Јуни, Меѓународниот ден за заштита на правата на децата, а е во организација на Здружението „Macedonia Welcome Centre – DMWC“ во соработка со амбасадите и меѓународните организации и со поддршка од Град Скопје#, соопштуваат од прес-службата на Град Скопје.

Почесен претседател на Меѓународниот добротворен базар 2019 година е чешкиот амбасадор Мирослав Томан.