ГДУ-Штип: Дали Општина Штип е жртва на корупцијата и тендерската мафија?

252

Освен информациите за злоупотреби на автопатот Штип-Миладиновци, совесни граѓани ни поставија и прашања, како е возможно кружниот тек на „Дујлето” да чини 3.000.000 денари или близу 50.000 евра и да се изгради за рекордни 15-20 дена, а кружниот тек кај училиштето „Коле Нехтенин“- ЕМУЦ, кој се градеше со месеци, да чини блиску 9.000.000 денари или 150.000 евра, а се очекува и анекс кон договорот и покачување на цената уште со 20 до 30.000 евра, прашуваат од Граѓанско Демократска Унија- Штип на денешната прес-конференција.

Од таму велат дека разликата во цените е 3 наспроти 1 иако реално „Дујле“ е поголем проект како површина.

– Во духот на вистината и транспарентноста сме должни да поставиме неколку прашања на локалната самоуправа и градоначалникот Бочварски, кои се од интерес на секој граѓанин на Штип: Дали е точно дека едниот кружен тек чини 150.000 евра а другиот 50.000 и ако е точно, зошто е тоа така и дали има злоупотреби во тендерите и цените и ако е така ќе сноси ли некој одговорност – прашуваат од ГДУ.

Тие бараат од штипскиот градоначалник Благоја Бочварски да ја обелодени вистината и да ги демантира евентуалните „шпекулации”.

Со почит,
Граѓанско Демократска Унија- ГДУ-
Штип

Центар за комуникации на Граѓанско Демократска Унија-ГДУ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...