Вреќи со марихуана пронајдени во близина на Калишта

200

Полициските службеници од СВР Охрид утринава околу 3 часот пронашле 12 вреќи во кои имало 196 пакувања со марихуана во близина на регионалниот пат Подмоље-Радожда, пред струшкото село Калишта, информира МВР.

Марихуаната е предадена за вештачење и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...