Земјотреси од утрово ја тресат Албанија

Повредени се пет лица при рушење на една куќа, соопшти албанското Министерство за одбрана.

1035

Серија земјотреси, од кои еден со јачина од 5,3 степени, се регистрирни утрово во југоисточниот дел на Албанија. Повредени се пет лица при рушење на една куќа, соопшти албанското Министерство за одбрана.

Албанските медиуми објавија дека за два часа се регистрирани шест земјотреси.

– Нема вонредна состојба во ниту една област од земјата – посочи Министерството за одбрана на Албанија.

Епицентарот на првиот земјотрес бил 15 километри југоисточно од градот Корча на длабочина од 14 километри, а по седум минути е регистриран уште еден на длабочина од 18 километри во областа која се граничи со Грција и Македонија.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...