Маја Трпковска, мајка на Пинета Секондо – Пино, 26-годишното момче кое исчезна во почетокот на декември минатата година, а вчера МВР објави дека е пронајден мртов во близина на село Љуботен, преку статус на Фејсбук им се заблагодари на сите сите за подршката.
„Тешко е верувајте ми, многу тешко. Мојата битка продолжува, сега БАРАМ ПРАВДА ЗА МОЕТО ДЕТЕ!!! АНГЕЛА ЃЕОРГИЕВСКА СО НЕЈЗИНИОТ ПОМОШНИК ШТО ГО ИМААТ УБИЕНО МОЕТО ДЕТЕ ДА ДОБИАТ НАЈ ГОЛЕМА КАЗНА! ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР!!! Да скапат во затвор! Детето ми го убиле и го сокриле за животни да ми го распарчат! Бел ден да не видиш ни ти ни твојот помошник ни твојата фамилија!!! Ѓавол!!! Проклета да бидеш додека ќе имаш душа во тебе!!!“, напиша Маја.
Според Обвинителството, 27-годишен скопјанец на 11 декември лани со возило „опел аскона“, заедно со Пино пристигнале во атарот на село Арачиново во Скопје. Осомничениот за убиство извадил пушка и го застрелал Пино во пределот на главата, кој од нанесените повреди веднаш починал. Во обид да се скријат трагите, неговото тело било пренесено во село Љуботен, каде е оставено во дупка и покриено со ќебе. Осомничениот е недостапен за органите на прогонот, а 22-годишната Ангела, за која мајката со месеци тврдеше дека му била девојка на нејзиниот син и дека таа е вмешана во неговото исчезнување, во четвртокот е лишена од слобода“.