ОБНОВЕНО Исчезнатиот Пино е пронајден мртов – бил убиен и фрлен во дупка

Во обид да се скријат трагите, неговото тело било пренесено во село Љуботен, каде е оставено во дупка и покриено со ќебе. Едмоиот осомничен за убиство е во бегство, а девојката е приведена.

5632

Пинета Секондо – Пино, 26-годишното момче кое исчезна во почетокот на декември минатата година, пронајден е мртов, дознава Плусинфо.

Станува збор за убиство, за кое МВР тврди дека го расветлило.

Телото е најдено кај Љуботен пред еден месец, а сега е утврден неговиот идентитет.

 

ОБНОВЕНО МВР и Обвинителството излегоа со различни соопштенија околу осомничените за убиство на младиот Пино.

Според МВР, пподнесена е кривична пријава против Ф.А. (27) и А. Ѓ. (22), двајцата од Скопје, за сторено кривично дело „убиство“ предвидено и казниво по член 123 од КЗ на РСM.

Се работи за убиство на Пинета Секондо, за кој на 11 декември 2018 година неговата мајка пријавила дека е исчезнат. На 29 април граѓанин пријавил во полиција дека на место викано Башинец во атарот на село Љуботен пронајден е човечки скелет покриен со камења.

„По преземени оперативно тактички мерки дојдено е до сознание дека извршители се горенаведените лица, по што добиена е Наредба за претрес во дом и други простории од Основно јавно обвинителство Скопје и извршен е претрес во домовите на пријавените како и на уште две лица, роднини на првопријавениот. Во домот на првопријавениот пронајдени се СИМ картици, лични документи, мобилен телефон, УСБ, мемориска картица, една фантомка и возило „опел аскона“. По Ф.А. распишан е централен распис. На 30 мај второпријавената А.Ѓ. е лишена од слобода“, соопшти МВР.

Од Обвинителството, пак, наведуваат дека осомничениот, 27-годишен жител на Скопје, делото го сторил на 11 декември 2018 година, околу 2 часот, откако претходно се сретнал со сега починатиот. Тие заедно со патничко моторно возило „опел аскона“ пристигнале во атарот на село Арачиново во Скопје. Осомничениот извадил пушка и го застрелал Пино во пределот на главата. Од нанесените повреди Пино веднаш починал. Во обид да се скријат трагите, неговото тело било пренесено во село Љуботен, каде е оставено во дупка и покриено со ќебе. Осомничениот е недостапен за органите на прогонот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...