Здружението на новинари на Македонија ги повика своите членови и сите новинари кои имаат конфликт на интереси и имаат ангажмани во рамки на Владата или останатите јавни институции да се определат дали ќе се занимаваат со новинарство или со некоја друга јавна професија или функција.
– По информациите во јавноста дека одредени новинари се ангажирани од институции на државно и на локално ниво, сакаме да укажеме дека тоа е спротивно на Кодексот на новинарите на Македонија. Во темелните принципи, кои ги имаат прифатено сите наши членови, една од основните професионални задачи на новинарите е „контролата врз власта и другите субјекти од јавниот живот – велат од ЗНМ.