Финансиска училница на Комерцијална банка за 400 деца

195

Со финансиско знаење и информации за тоа како правилно да се користат финансиските производи се стекнаа околу 400 деца, кои од 28 до 31 мај учествуваа во Финансиската училница на Комерцијална банка.

По повод Деновите на финансиската писменост во земјава, Комерцијална банка организираше Финансиска училница во Cineplexx за ученици од три основни и од едно средно училиште, на која, на еден поразличен час од вообичаените, дознаа за финансиските производи, нивните карактеристики, начинот за нивно користење и за избегнување на потенцијалните ризици.

Комерцијална банка АД Скопје, како општествено одговорна компанија, со свој штанд учествуваше и на настанот „Едуцирај се, забавувај се“, на платото пред Министерството за финансии, кој беше посетен од околу 200 деца. Отворените штандови во филијалите на банката во Струмица, Прилеп, Битола, Штип, Гостивар и Куманово, пак беа посетени од стотина деца, како и од други заинтересирани граѓани. На сите нив вработените на банката им пренесоа финансиско знаење за да можат поподготвени да влезат во светот на финансиските услуги. Тие дознаа која е предноста да чуваат пари во банка, наместо дома, зошто треба да создаваат навики за штедење, кога и за што треба да побараат кредит, како функционираат платежните картички и како да ги искористат сите поволности што ги нудат електронското и мобилното банкарство.

Светот на финансиите нуди многу можности, но бара и многу знаење. Целта на Комерцијална банка со активностите во изминатите четири дена беше зголемување на финансиската писменост на младата популација во земјава. Финансиската училница на банката продолжува со работа од 1 септември, со организирани предавања во средни училишта.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...