Пендаровски: Можно е Бундестагот да не стаса до 21 јуни да даде препорака за преговори со ЕУ

218

 Претседателот Стево Пендаровски очекува земјите членки на ЕУ да дадат согласност и земјава да добие датум за почеток на преговорите за членство

Во однос на тоа дали ќе добиеме датум за почеток на преговорите со ЕУ во јуни, Пендаровски вели дека постои една временска рамка која можеби германскиот Бундестаг нема да може да ја исполни за да даде согласност до 21 јуни, како битна земја членка за почнување на преговорите.

Тој потенцира дека станува збор за извесно техничко поместување на термините. Ако не биде решено до 21-ви јуни, смета дека можеби ќе биде решено почетокот на јули.

– Не е јасно само дали ќе стигнат да дадат согласност. Инаку, политичката согласност на сите клучни и на сите останати држави на ЕУ за почнување на преговорите во 2019 година е тука. До овој момент ниту една европска држава нема кажано дека Македонија не заслужува да добие датум за преговори. Ниту едена европска држава, ниту еден европски државник досега нема речено дека Македонија не испорачала тоа што и беше домашна задача од минатиот Софиски самит на ЕУ – изјави Пендаровски по денешните средби во МО, додавајќи дека средбите на нјависоките политички авторитети на ЕУ се од 17 до 21 јуни.

Според претседателот Пендаровски, ниту една европска држава не вели дека треба да се одложува почетокот на преговорите со ЕУ, во 2020 или 2021 година.

Вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шекеринска додаде дека во претходните 12 месеци земјава успешно ги поминала сите скрининг процедури, подготвени сме за меѓувладината конференција и за преговорите.

– Она што е важно во препораката за Република Северна Македонија не постои ниту една област што се смета како наша обврска. Не постои ниту едно алиби или оправдување за да не ги почнеме преговорите. Тоа покажува дека се што зависеше од нас, се што требаше да сработиме како држава, го испорачавме. Не заради ЕУ, заради нас и нашите граѓани – изјави Шекеринска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...