Шекеринска: Ни треба Влада што ќе размислува исклучиво на најважните политички прашања

145

Очекуваме во првите 10 дена од јуни да бидат завршени коалициските разговори и консултациите со можни кандидати, затоа што ни треба Влада што ќе има целосен мандат и нема да размислува на кадровски, туку исклучиво на најважните политички прашања.

Вака одговори вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шекеринска денеска на новинарско прашање до каде се разговорите за владината реконструкција.

– Сметавме дека до извештајот на ЕК и првите неколку дена фокусот треба да ни биде таму. И тоа се покажа исправно. Извештајот на ЕК покажа дека оваа држава навистина направи не серија реформи, туку направи чудо на регионален, но и на домашен план. За тоа да продолжи и во преговорите да влеземе со целосен капацитет, мора да си ги завршиме и домашните обврски – изјави Шекеринска, по денешните први средби во МО со претседателот на државата Стево Пендаровски.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...