Привремената спогодба отиде во историјата, Скопје доби грчка амбасада

3751

Министерствата за надворешни работи на Македонија и Хеленската Република, денеска разменија ноти, со кои, согласно членот 10 од Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во Резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите Нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година, соопшти МНР.

Нотата предвидува и воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните, се подига нивото на Канцеларијата за врски во Атина на ниво на Амбасада на Република Северна Македонија, Канцеларијата за конзуларни, економски и трговски работи во Солун на ниво на Генерален конзулат, а истовремено, Канцеларијата за врски во Скопје се подига на ниво на Амбасада на Хеленската Република, Канцеларијата за конзуларни, економски и трговски работи во Битола на ниво на Генерален конзулат, стои во соопштението.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...