Се отстранија приближно 50 кубни метри отпад од диви депонии, а се спроведе и рачно миење на поголемите џамии во Општина Чаир, во рамки на денешните едукативно-информативни активности на улицата „Џон Кенеди“ од страна на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје.
Активностите, како што соопштина од прес-службата на ЈП „Комунална хигиена“, ги спроведоа еко-патролата и одделенијата за едукација, квалитет и развој и професионална одговорност, што ги информираа граѓаните за правилното постапување со комуналниот, кабастиот и градежниот отпад.
На настанот присуствуваа директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Абдусамед Шабани и градоначалникот на Општината Чаир, Висар Ганиу.
– Ја избравме токму оваа локација за спроведување на едукација на граѓаните, затоа што нашите екипи во овој реон постојано се соочуваат со неправилно одлагање на отпадот. Ги повикуваме сите чинители во процесот на одржување на хигиената во градот Скопје – граѓаните, но и инспекциските служби при Градот и општините, сите заедно да придонесеме за заштитата на нашата животна околина, изјави директорот Шабани.
Во текот на денешниот ден, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје реализираа и генерална акција за чистење Општината Чаир, при што беше извршено рачно имашинско метење и миење на булеварите и улиците. Во рамките на акцијата беа отстранети