Хоспитализиран германскиот селектор Јоаким Лев

647

Селекторот на германската фудбалска репрезентација Јоаким Лев е хоспитализиран поради нарушувања на циркулацијата, информира „Билд“.

Проблемот настанал како резултат на повреда з авреме на тренинг. Лев се наоѓа во Универзитетската болница во Фрајбург.

Голема е веројатноста 59-годишниот германски фудбалски стручњак да ги пропушти јунските  натпревари од квалификациите за ЕП 2020.

Германија на 8 јуни и гостува на Белорусија, три дена подоцна (11 јуни) ја пречекува селекцијата на Естонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...