Пропаста на Џејми Оливер, му ги затворија рестораните, 1.300 вработени на улица!

Пропаста на славниот готвач започна лани кога беше принуден да додели 600 откази и да затвори 12 ресторани.

543

Славниот готвач Џејми Оливер доживеа голем пораз бидејќи во текот на минатата недела му затворија поголем дел од рестораните поради што без работа останаа повеќе од 1.000 луѓе. Тој на своите вработени им испратил имејл во кој им се заблагодарил на соработката.

Џејми Оливер изјавил дека е исклучително тажен откако процесот на затворање на неговиот синџир на ресторани го презеде ревизорската куќа „KPMG“, што довело до прашање околу 1.300 работни места.

Најпрвин беше погоден неговиот синџир од 23 италијански ресторани, но наскоро ќе се затворат и преостанатите ресторани „Fifteen“ и „Barbecoa“.

Пропаста на славниот готвач започна лани кога беше принуден да додели 600 откази и да затвори 12 ресторани. Во тие моменти, од целосен колапс го спасила финансиската инјекција која ја примил од своите инвеститори.

– Знам колку е ова тешко за сите нас. Би сакал да им се заблагодарам на сите клиенти кои уживаа во нашите јадења и кои нè поддржуваа во последната деценија, беше вистинско задоволство да ве услужуваме – неодамна соопштил Џејми.

Во 2017 година, готвачот го затвори својот ресторан „Union Jacks” и престана да го издава своето списание „Jamie” кое беше публикувано речиси десет години, пишува Би-би-си.

„Знам колку оваа вест е тешка за вас и сакам да ве убедам дека самиот ги истражив сите можности во текот на изминатите неколку месеци за да ја спасам работата. Вложив сè што можев за да ги променам нештата“, напишал Џејми и нагласил дека на сите ќе им ги исплати платите, пишува „24сата.хр“.

Џејми изминатите години вложуваше пари во рестораните за да успее да ги задржи, но ниту тоа не му помогна.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...