Американскиот актер, продуцент и режисер Роб Лоу во последниот разговор со медиумите се осврнал сосема неочекувано на физичкиот изглед на британскиот принц Вилијам и го прозвал поради прераното губење на косата.
Самиот принц Вилијам, кој мошне рано, на 27-годишна возраст почнал да ја губи косата, таквата појава никогаш премногу не го загрижувала, ниту некогаш дал до знаење во медиумите дека поради тоа е несигурен или дека има недостаток на самодоверба.
Меѓутоа, изгледа дека тоа им пречи на другите луѓе. На пример, на американскиот актер Роб Лоу кој сега јавно го прозва.
– Дали можеме малку да разговараме за принцот Вилијам? Вашиот иден крал си дозволил себеси да ја изгуби косата. Искрено, едно од најтравматичните искуства во мојот живот беше да гледам како принцот Вилијам ја губи косата. Па тој ќе биде идниот британски крал! – рекол актерот за британски „Дејли телеграф“.
Роб Лоу нагласил дека лично никогаш не би се довел во ситуација во која е принцот Вилијам, како и дека тој со години пие таблети кои косата кај мажите ја прави поцврста, погуста и го намалува опаѓањето на влакната.
ФОТО: EPA / LARRY W. SMITH