Во кеш од утре ќе се плаќа само до 500 евра

Оваа забрана ќе важи и за физички и за правни лица, а доколку се прекрши Законот, следуваат казни во износ од 5.000 до 80.000 евра.

625

Купувањето во кеш од утре ќе биде дозволено само до 500 евра, бидејќи стапува на сила последната измена на Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам според кој прагот на плаќање во кеж се спушти од 1.000 на 500 евра.

Тоа ќе значи дека, ако утре во продавница купувате производи со цена повисока од 500 евра ( 30.750 денари) ќе треба да платите со картичка и со уплатница во банка.

Во јануари годинава дозволената сума која можеше да се плаќа во кеш беше намалена од 2.000 евра на 1.000 евра, а од утре тој праг ќе се намали на само 500 евра.

Оваа забрана ќе важи и за физички и за правни лица, а доколку се прекрши Законот, следуваат казни во износ од 5.000 до 80.000 евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...