За британската старлета Кели Брук научниците пред неколку години заклучија дека е сопственичка на идеално женско тело, а магазинот „ФХМ“ ја прогласи за најсексапилна жена на светот.
Научниците ја опишуваа како жена со совршена фигура. Според достапните податоци, Кели е висока 168 см, а нејзините мерки изнесувале 99-63-91. Дополнителен плус е тој што е сосема природна и не се подложувала на пластични операции.
Сепак, изминатите години Кели се откажала од диетите и се здебелила, а нејзината линија е во центарот на вниманието откако беа објавени нејзините фотографии од одморот на Мајорка. Приказните за нејзината килажа не је интересираат Кели, а јасно истакнала дека таа со своите облини се гордее.
За британски „Сан“ лани се пожалила дека има некој килограм вишок и дека градите не ѝ стојат онака високо како некогаш, но дека тоа не ја загрижува.
ФОТО: Инстаграм/Принтскрин