Ел Чека со нови бомби го поздрави „блокираниот“ Фејсбук

1998

Ел Чека продолжува да објавување нови снимки од нелегално прислушуваните материјали и се подбива со поздрав „од блокираниот Фејсбук“, бидејќи бомбите продолжи на големо да ги објавува иако МВР пред два дена информира дека ја известиле социјалната мрежа.

Новите дестина бомби претежно се разговори помеѓу функционери на ДУИ. Три снимки  кои веќе се емитувани се за случајот „Сопот“, односно разговори помеѓу ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков и поранешната министерка за внатрешни работи Гордан Јанкулоска.

Чека им порачува на лидерот на ДУИ Али Ахмети, како и на партиските функционери Муса Џафери, Беќир Хасани дека ќе ја разберат неговата посветеност за ова прашање.

– Ќе ги публикувам датотеките и снимките што ги имам, во консултација со мојот адвокат, за сите, а потоа ќе ги испратам до ЦИА и Американската амбасада во Скопје.
Или ќе бидат затворени за криминалци, или Заеви ќе падне!, пишува Чека.

Објавувачот, кој се наоѓа во Чикаго, не го крие својот идентитет, и постојано објавува фотографии од себе, за да како што вели, убаво го видат сите.

МВР информираше дека го лоцирале објавувачот и дека го известиле обвинителството.

– Утврдено е кој стои зад профилот на Фејсбук од каде што се пласирани овие содржини и за тоа е известено Обвинителството. Исто така, известена е социјалната мрежа Фејсбук односно надлежните во оваа компанија се известени дека се пласирани нелегални содржини преку нивниот сервис. По целосното расчистување на случајот, МВР ќе поднесе кривична пријава против сторителот и за тоа соодветно ќе ја информира јавноста – велат од МВР.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...