Хумани патроли ќе им помагаат на старите и немоќните во Карпош (ВИДЕО)

Доделени се 110 социјални пакети со прехранбени продукти и средства за хигиена, донирани од граѓаните на Карпош во рамки на хуманитарната акција „Подај рака, донирај за твојот сосед“.

246

Во пресрет на Велигденските празници денеска беа доделени 110 социјални пакети со прехранбени продукти и средства за хигиена, кои беа донирани од граѓаните на Карпош во рамки на хуманитарната акција „Подај рака, донирај за твојот сосед“. Хуманитарните пакети на социјално загрозените лица им ги врачи градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев.

Во просториите на урбаните заедници во Карпош 2, Владо Тасевски и Влае 1, кадешто се делеа пакетите, се одржаа сесии за информирање на граѓаните за социјалните права кои можат да ги остварат во Општина Карпош. Притоа на присутните сограѓани им беше нагласено дека локалната самоуправа нуди повеќе форми на еднократна парична помош за социјално загрозените лица, и тоа: за лица во социјален ризик, за лекување, за новороденче, при елементарни непогоди, за лица со посебни потреби…

Градоначалникот Стефан Богоев посочи дека Општина Карпош ќе продолжи да биде силен партнер на маргинализираните лица, а најави и други проекти кои ќе се реализираат во претстојниот период.

– „Хуманите патроли“ кои треба до стартуваат во скоро време, ќе обезбедат помош и поддршка на старите лица и на лицата со посебни потреби. Тоа подразбира бесплатна здравствена помош во основните форми за повозрасните, како и дополнителна помош во рамки на нивните домаќинства, преку преземање на некои секојдневни обврски кои самите се немоќни да ги извршат – рече Богоев.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...